More

    Излегуваат детали за убиството на двајца македонски државјани во Ханиоти

    spot_img

    По информацијата за убиството во Халкидики Грција, Амбасадата на Република Северна Македонија во Атина стапила во контакт со надлежните институции, односно полицијата во Солун, и од таму е добиена потврда дека во Сани Вилас, Ханиоти двајца маскирани лица отвориле оган врз двајца државјани на Северна Македонија.

    Двајцата биле однесени во општата болница на Халкидики, каде едниот им подлегнал на повредите, додека другиот поради тежината на повредите е транспортиран во друга болница, во Полигирос.

    Според информациите на Aмбасадатa, на местото на настанот моментално се наоѓаат повеќе тимови на грчката полиција и работат на расчистување на околностите на настанот.

    Според неофицијални извори, Орхан Бајрами – Оки, ликвидиран утрово во Ханиоти, Халкидики, во раните утрински часови во неговиот апартман, е неформален лидер на групата „Дуќанџик“ кој е познат на македонската полиција.

    Јетон Кривањева – Жила, кој на сличен начин беше ликвидиран во Шиша бар во Старата скопска чаршија, бил близок пријател на Оки. Жила, исто како и Оки, важеше за еден од главните водичи на „Дуќанџик“.

    Групата чиј неформален водич беше Орхан Бајрами – Оки, се поврзуваше и со пукањето во хотелот „Александар Палас“. Додека членови на „Дуќанџик“ седеа внатре, непознати напаѓачи пукаа кон хотелот.

    Грчките медиуми за 39-годишен Оки известуваат дека е сопственик на казино и фабрика за пијалоци во Македонија и дека е застрелан од непознати лица на Халкидики со над 20 куршуми.

    Негиовиот пријател Сеад Слезовиќ исто така е застрелан на Халкидики, но тој е тешко повреден и се бори за живот.

    Според грчките медиуми, во изнајмениот апартман на Халкидики кајшто се пукаше ноќеска неофицијално престојувал предводник на криминална група од македонското подземје и уште три лица од Скопје.

    Овие информации засега се неофицијални и непотврдени, а идентитетот на лицата кои настрадаа во синоќешното пукање сè уште не е соопштен. Единствено грчките медиуми ги објавија нивните имиња, повикувајќи се на полициски извори.

    Како што пишуваат грчките медиуми, повикувајќи се на упатени извори од истрагата, станува збор за нарачана ликвидација. Изворот вели дека и сторителите се странски државјани. Се сомневаат дека станува збоr исто така за македонски државјани бидејќи според она што досега се знае, се чини дека убијците ја следеле својата жртва од неговото родно место до областа Ханиоти на Халкидики.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img