More

    Издадени 8 книги од Димитрије Бужаровски

    spot_img

    Со промоција на книги „Димитрије Бужаровски – творештво и време“ и концерт на камерниот мешан хор „Свети Климент Охридски“ под диригентската палка на Панче Јосифов, при истоимениот соборен храм од Скопје, вечерва продолжува програмата на 62 издание на фестивалот „Охридско лето“.

    Промоцијата на осум книги „Димитрије Бужаровски – творештво и време“ ја организира Факултетот за музичка уметност – Скопје во соработка со националната установа „Охридско лето“ .

    – Циклусот од осум книги „Димитрије Бужаровски – творештво и време“ е енциклопедиски авто-музиколошки проект, кој го претставува богатото творештво од над 170 опуса на еден од најзначајните македонски современи композитори. Осумте книги групирани ги претставуваат делата според следните категории: оперите Деспина и мистер Докс и Шеќерна приказна, четирите симфонии и увертира, деветте концерти, трите ораториуми и двете кантати, делата за пијано и две пијана, солистичката и камерната музика, вокалните циклуси и песни и електронската музика – информира НУ „Охридско лето“.

    Во над 1.700 страници од овие книги, како што е наведено, е прикажано времето и опкружувањето во кое е настанат овој опус по што следат детални формални, хармонски, полифони и инструментациски анализи. Книгите се придружени со богат фотографски материјал и нотни примери поставени во софтверот Сибелиус во кој е префрлено целокупното творештво на Димитрије Бужаровски. Во рамките на промоцијата ќе биде прикажано видео, кое води низ страниците на овие книги дополнето со аудио и видеоматеријал од изведбите на делата за кои се говори.

    Книгите се издадени во електронско издание и поставени за бесплатно преземање на веб-страницата на Aрхивот Бужаровски (BuzAr), а издавач е Факултетот за музичка уметност – Скопје.

    Солисти на вечерта ќе бидат сопранот Биљана Јосифов, алтот Лидија Пшенко, тенотор Дејан Стоев, како и бас-баритонот Невен Силјановски.

    Камерниот мешан хор е формиран во1992 година при архиепископскиот соборен храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Хорот редовно ја изведува првата македонска православна литургија „Литургија на свети Јован Златоуст”од композиторот Атанас Бадев. Неговата основна дејност е опслужување на потребите на МПЦ – ОА и досега има одржано 1.500 воскресни (неделни) литургии, 500 празнични литургии и 18 целовечерни годишни концерти.

    – Паралелно со оваа активност, хорот е присутен и на концертните подиуми во Македонија, како и на меѓународни фестивали. На меѓународната сцена се појавува на фестивалот на православна –духовна музика во Хајновка, Полска во 1998 и 2001 година, во категорија на професионални хорови каде се здобива со наградата Лауреат на фестивалот. Во 1999 година учествува на меѓународниот фестивал на духовна музика во Софија, Бугарија, додека пак во 2000, 2002, 2007, 2013 и 2019 година хорот се претставува со целовечерни концерти во Рим, како и со целовечерен концерт и воскресна литургија во 2008 година во Неиве област Алба, Италија. Исто така, со целовечерни концерти хорот е присутен и на престижниот фестивал „Охридско лето“ и тоа во: 1998, 2001, 2002, 2009 и 2012 година – соопшти НУ „Охридско лето“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img