More

    Изборите ќе се распишат на 14 февруари- Митревски вели дека Собранието ќе работи до првите денови на април

    spot_img

    По консултација со ДИК, во смисла на броење на деновите и што би значело тоа, денеска имам конечен заклучок дека претседателските избори ќе ги распишам на 14 февруари и планот ми е на истиот ден да ги распишам и парламентарните избори, вели претседателот на Собранието, Јован Митрески, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1.

    На прашањето, до кога ќе работи Собранието, Митревски вели дека постои мала забуна во јавноста во смисла на функционирањето на Собранието затоа што кога се одржуваат предвремени парламентарни избори, парламентот се распушта со одлука за распуштање којашто ја гласаат пратениците, а во овој случај Собранието работи до крајот на својот мандант.

    – Ако ја земаме таа пракса за работа на Собранието до пред почеток на кампања, значи дека Собранието би функционирало некаде до крајот на март или првите денови на април. Па, 20 дена пред 24 април, тоа би било почетокот на април неколку дена, но продолжуваме бидејќи се спојува со парламентарните избори и во тој период Собранието нема потреба или е некое демократско правило да не работи за да не биде злоупотребена говорницата во смисла на кампања за претседателските или парламентарните избори – истакна Митревски.

    Претседателот на Собранието уверува дека на денот на изборот на техничката влада, собраниската галерија била еднакво достапна за сите новинари, иако во дел од медиумските извештаи тој ден, на пример на телевизија Телма, можеше да се слушне дека нивниот известувач седнал во редот веднаш зад гостите од Косовo и од Албанија, но собраниското обезбедување му кажало да се премести.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img