More

    Италијанската полиција пронајде кокаин вреден 800 милиони евра – меѓу банани

    spot_img

    Полицијата во јужна Италија соопшти дека запленила 2.700 килограми кокаин со висока чистота, скриен во два ладилни контејнери со банани испратени од Еквадор.

    Кокаинот пронајден во калабриското пристаниште Ѓоха Тауро е вреден повеќе од 800 милиони евра, соопшти италијанската полиција.

    Пратката пристигнала од Гвајакил, Еквадор, а крајната дестинација била Ерменија, преку црноморското пристаниште Батуми, Грузија.

    Дрогата била откриена во контејнери од 12 метри благодарение на специјални скенери, со помош на кучето трагач Џоел, додава полицијата.

    Полицијата соопшти дека во последните неколку дена пронашла дополнителни 600 килограми кокаин во контејнери со овошје од Еквадор кои биле доставени преку Ѓоја Тауро.

    Овие пратки биле наменети за други делови на Италија, како и за Хрватска, Грција и Грузија, додаваат тие.

    Калабрија е дом на Ндрангета, која ја замени сицилијанската Коза Ностра како најмоќна мафијашка организација во Италија и игра централна улога во трговијата со дрога.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img