More

    Истрагата за девојчето Данка во Србија би можела да биде прекината во интензитетот со кој сега се трага по телото, а да продолжи на поинаков начин

    spot_img

    Истрагата за девојчето Данка во Србија би можела да биде прекината во интензитетот со кој сега се трага по телото, а да продолжи на поинаков начин, пренесоа повеќе српски медиуми повикувајќи се на неофицијални информации. Од вторникот припадници на Управата за криминалистичка полиција (ЦПУ) од Белград и Бор вршат увид во околината на куќата на еден од осомничените во селото Злот. Се пребаруваше и кањонот Лазар, како и јамата над кањонот длабока 70 метри.

    Во Борскиот регион, денеска, десетти ден од апсењето на осомничените за убиството на двегодишната Данка Илиќ , продолжува потрагата по телото на девојчето. Вчера беше претресено коритото на Злотска река, од селото Злот до местото Шумраковац, како и акумулациите за вода, јави агенцијата Танјуг.

    Причината поради која се проверуваат цистерните и акумулациите е тоа што и двајцата осомничени за убиството на малата Данка работеле во ПУК „Водовод“ и многу добро го знаат распоредот на тие цистерни, а поради нивната работа редовно ги посетувале и знаат сите скриени места, па сега фокусот на пребарувањето е таму.

    Според Марко Ницовиќ, поранешниот началник на полицијата на Белград, осомничените и имале доволно време да ја однесат Данка до другиот крај на државата, на 200-300 километтри од Бор, дури и до Суботица, а потоа да ѝ кажат на полицијата дека наводно го сокриле во околината.

    Ницовиќ  за Ало вели и дека фактот што осомничените ѝ дале 20 различни локации на полицијата било добро осмислена тактика за да купат време за да го преместат трупот.

    Дејан Драгијевиќ (50) од селото Злот кај Бор е главен осомничен за убиството на Данка Илиќ (2), а неговиот татко Раде (73) и сега починатиот брат Далибор (40) се осомничени дека му помогнале да ја скрие тело на девојчето.Бројните нелогичности во нивните изјави за тоа каде се наоѓа девојчето создадоа сомнеж дека телото на Данка го нема ниту на територијата на општина Бор, предупредуваат експертите.

    Данка исчезна на 26 март во двор на викендица во Бањско Поле.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img