More

    Историчарот Драѓи Ѓоргиев за препораките договорени во мешовитата комисија

    spot_img

    Средновековните империи и држави се сосема различни државни творби, идентитети и контексти од современите држави и нации. Затоа настојуваме да избегнеме да се гледаат настаните пред 150 и пред 1.000 години во денешната етничка призма, а сакаме да ги истакнеме универзалните вредности на луѓето од тоа време преку кои може да се поврзат двата народи и не само двата народа – појасни вечерва во настап на ТВ Сител Драги Ѓоргиев, копретседателот од македонска страна на заедничката Мешовита историска комисија за историски и образовни прашања со Бугарија.

    – Идентитетите во средниот век и сегашните национални идентитети апсолутно не треба да се поврзуваат. Лојалностите во средниот век се кон царот и кон црквата и нема лојалност кон нацијата и народот. За овој период важно е да се почитуваат универзалните вредности и да се инсистира во чествувањето на лицата од тоа време да се вклучат не само Македонија и Бугарија, туку и други народи. Затоа препораките кои се усвоени за заедничко чествување и за учебниците во Македонија и Бугарија воопшто не ги допираат идентитетските прашања – рече Ѓоргиев во интервју за ТВ Сител и додаде дека е нелогично да се поврзува денешен идентитет со идентитетот во антиката на народите кои живееле тука.

    Во текстовите за заедничко чествување, додаде тој, нема никакво спомнување на етнички групи и на идентитети на лица или на заедници со што го постигнавме она за што се залагавме – идентитетските прашања да не бидат тема на разговор на Комисијата.

    – Двете држави се обврзуваат за многу работи во протоколот, па и во однос на промените во учебниците. Мора да има реципрочност во обврските. Она што го има преземено како обврска Македонија е 99 отсто поклопено со она што мора да го направи Бугарија во однос на учебници и во однос на заеднички чествувања – посочи Ѓоргиев.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img