More

    Иран нема да возврати на наводниот израелски напад врз Исфахан

    spot_img

    Директните напади меѓу Израел и Иран завршија и Техеран нема да одговори на денешниот наводен израелски напад, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на неименуван разузнавачки извор во регионот.

    Обемот на воениот одговор на Израел на првиот директен напад на Иран врз земјата останува матен. Израелските власти допрвин треба јавно да ја признаат одговорноста за пријавените експлозии во текот на ноќта, во петокот, во делови на Иран.

    Техеран ги отфрли нападите како „напади од мали дронови“ кои биле соборени од неговите системи за воздушна одбрана.

    Американски функционер претходно во петокот изјави дека Израел го нападна иранскиот град Исфахан како одмазда за нападот на Иран врз Израел на 13 април, а иранските медиуми објавија дека 3 беспилотни летала биле соборени над Исфахан.

    Иран го нападна Израел на 13 април со околу 300 дронови и проектили како одмазда за израелскиот напад врз конзулатот во Дамаск на 1 април, во кој загинаа командантот на иранската револуционерна гарда во Сирија и во Либан, Мохамад Реза Захеди, и неговиот заменик, како и петмина полицајци кои ги придружувале.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img