More

    Инфлацијата во Шпанија во јуни достигна 10,2 отсто, што е највисока во последните 37 години

    spot_img

    Инфлацијата во Шпанија достигна 10,2 отсто годишно во јуни, што е највисока во последните 37 години, покажуваат прелиминарните резултати од Националниот институт за статистика објавени денеска, потврдувајќи го континуираниот силен раст на цените.

    Доколку се потврди овој податок, тоа ќе бележи месечен пораст на инфлацијата од еден и пол процентен поен на годишно ниво, бидејќи инфлацијата во мај изнесуваше 8,7 отсто, наведува Институтот.

    Растот од 10,2 отсто е највисок од април 1985 година, објави институтот.

    Зголемувањето главно беше поттикнато од растот на цените на горивата и храната и пијалоците.

    Институтот укажа и на порастот на цените во хотелскиот сектор.

    Како и повеќето други европски земји, Шпанија веќе неколку месеци се соочува со зголемена инфлација поради тензиите предизвикани од обновувањето на економската активност по кризата Ковид-19 и војната во Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img