More

    Инфлацијата му ја урива популарноста на американскиот претседател

    spot_img

    Три недели пред изборите на половина мандат во САД, рејтингот на претседателот Џо Бајден останува близу најниското ниво од почетокот на неговиот мандат, според анкетата на Ројтерс/Ипсос.

    Дводневната национална анкета на 1.002 возрасни, вклучувајќи 446 демократи и 353 републиканци, покажа дека 40 отсто од Американците ја одобруваат работата на Бајден.

    Во последниве недели, Бајден се обиде да ги собере гласачите околу ветувањата на неговата партија за заштита на правата за абортус. Но, анкетите покажуваат дека гласачите се многу позагрижени за економијата, која под Бајден забележа највисоки стапки на инфлација од седумдесеттите и осумдесеттите години на минатиот век, период во кој нестабилната економија му помогна на републиканецот Роналд Реган да го собори демократскиот претседател Џими Картер на претседателските избори во 1980 година.

    Секој трет испитаник на овонеделната анкета на Ројтерс/Ипсос ја посочил економијата како најголем проблем на САД. Само еден од десет укажал на ограничување на правото на абортус.

    Рејтингот на Бајден падна на 36 отсто во мај и јуни.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img