More

    Има ли со што да се пофалиме кога се споредуваме со земјите од Западен Балкан?

    spot_img

    Додека во извештаите за прес-конференцијата на која беше соопштен најновиот Редовен економски извештај за Западен Балкан, за Македонија доминира оптимистичката проценка дека се предвидува благ пораст на економијата од 2,1% во 2022 година на 2,4% во 2023 година, опозицијата критички ги анализира бројките на Светска банка.

    Според Редовниот полугодишен економски извештај за Западен Балкан, Македонија покажува катастрофални резултати во економијата, споредено со сите земји од регионот, оценува ВМРО-ДПМНЕ.

    Така, веќе втора година по ред Македонија има најниска стапка на економски раст од сите земји од Западен Балкан, којашто во 2022 година изнесува 2,1%, додека просекот во регионот е 3,2%.

    Македонија забележа и највисока стапка на просечна инфлација од 14,2% во 2022 година, додека просекот на инфлацијата во Западен Балкан беше 11,8%.

    Уште повеќе се обесхрабрувачки прогнозите според кои во 2023 година за Македонија се очекува потпросечен раст од 2,4% наспроти оној на регионот од 2,6%, но и натпросечна инфлација од 9,1%, наспроти очекуваната за регионот од 7%.

    Со Косово и Албанија, Македонија има најниски приходи како процент од БДП (од 32,5% од БДП во 2022 година), што при задржани високи расходи од 36,9% од БДП генерираат втор највисок дефицит од 4,5% од БДП во 2022 година по Црна Гора (просек на Западен Балкан за е 3% од БДП).

    Дополнително, Македонија во 2021 година имаше највисок дефицит и во 2020 година втор највисок дефицит од земјите на Западен Балкан.

    Недисциплинираното трошење на оваа Влада во Ковид-19 годината се преслика во силно зголемување на јавниот долг, што при силен раст на номиналниот БДП значеше задржување на соодносот на јавниот долг во БДП, наспроти позначајно намалување на овој сооднос кај сите земји од регионот. Ова нѐ сврсти во земјите со натпросечно ниво на јавен долг од 59,6% во БДП (просекот на Западен Балкан е 51% од БДП).

    И резултатите на полето на странските директни инвестиции (СДИ) се катастрофални споредено со земјите од Западен Балкан. Заедно со БиХ, Македонија е на дното на табелата по СДИ во последните три години. Во 2022 година, нето СДИ во Македонија изнесуваат 5,2% од БДП, додека во Црна Гора се 13,5% од БДП, во Србија се 7,1% од БДП, Албанија 6,7% од БДП и Косово 6,6% од БДП.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img