More

    Илјадници авганистански бегалци го напуштаат Пакистан за да избегнат апсење и депортација

    spot_img

    Повеќе од 10.000 авганистански мигранти кои живеат во Пакистан денеска се упатија кон границата со Авганистан, пред крајниот рок даден од пакистанските власти да ја напуштат земјата или ризикуваат апсење и депортација.

    Пакистанската влада им даде рок до 1 ноември на лицата без документи кои живеат на територијата на Пакистан, главно Авганистанци од кои се проценува дека има околу 1,7 милиони, сами да ја напуштат земјата или ќе се соочат со депортација.

    Владата предупреди дека од утре Авганистанците без редовни документи ќе бидат уапсени, префрлени во притворни центри на неколку дена, а потоа депортирани во Авганистан.

    Талибанската влада во Кабул ја осуди мерката како „малтретирање“.

    „Илјадници авганистански бегалци чекаат ред во возила, камиони и нивниот број продолжува да расте“, изјави денеска за АФП висок пакистански владин претставник на граничниот премин Торкам, главната транзитна точка меѓу двете земји.

    Тој рече дека од утрово на тој пункт пристигнале над 10.000 бегалци.

    Севкупно, повеќе од 100.000 авганистански мигранти веќе се вратиле во Авганистан откако пакистанската влада го објави планот на почетокот на октомври, рече истиот извор.

    Повеќето Авганистанци се враќаат во земјата преку Торкам на северозапад, во пакистанската провинција Хајбер Пахтунхва, каде што главно живеат.

    Локалната полиција соопшти дека сè уште не започнала со апсења.

    Меѓутоа, во Карачи на југот на земјата, авганистанските бегалци велат дека веќе неколку дена биле подложени на рации, малтретирање или изнуда.

    Адвокатите и активистите ја осудија невидената акција и побараа од пакистанската влада да им даде повеќе време на мигрантите, од кои некои со децении живеат во Пакистан или дури се родени таму, достоинствено да ја напуштат земјата.

    „Пакистанската влада прибегнува кон закани, малтретирање и притворање за да ги принуди авганистанските баратели на азил без правен статус да се вратат во Авганистан или да ризикуваат депортација“, соопшти денеска Хјуман рајтс воч (ХРВ).

    Организацијата за одбрана на човековите права додаде дека ситуацијата во Авганистан останува опасна за многу од оние Евреи кои побегнале, а доколку бидат протерани ќе бидат изложени на големи безбедносни ризици.

    Милиони Авганистанци дојдоа во Пакистан за време на децениската војна, со што земјата стана една од земјите со најмногу бегалци во светот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img