More

    Ибрахимовиќ објави интересно видео, Ѓоковиќ му остави порака

    spot_img

    На 26 февруари, Златан Ибрахимовиќ го одигра својот прв натпревар од јули, а периодот меѓу нив го искористи за операција на коленото и закрепнување.

    Иако многумина му предвидуваа крај на кариерата, Ибрахимовиќ на 42 години успеа да му се врати на професионалниот фудбал, а патот до опоравувањето не беше нималку лесен. Затоа Швеѓанецот решил да закачи видео кое е компилација од важни настани кои ги преживеал во изминатата половина година, и нешто повеќе од тоа.

    Има различни тренинзи, планинарење, одење по песок, пливање, трчање, но и работа со топка, па дури и голови.

    Сигурно не му беше лесно, но веќе се знае колку е упорен и храбар Ибрахимовиќ, а во текот на кариерата преживеа неколку тешки повреди и се уште нема намера да застане.

    „Сомневајте се“, напиша Златан во описот на видеото, се разбира во иронична смисла.

    Под видеото свој коментар остави и Новак Ѓоковиќ, кој со години е во одлични односи со фудбалерот на Милан.

    Ти си најсилниот брат“, напиша Новак и доби повеќе од 2.400 лајкови.

    Златан против Аталанта во Серија А одигра 17 минути, а Милан победи со 2:0, па се уште е во борба за местото кое следната сезона води во Лигата на шампионите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img