More

    Храната на првенството во Катар е ужасно скапа, а неквалитетна

    spot_img

    Навивачите на светското првенство во Катар се жалат дека храната е ужасно скапа, а невкусна и неквалитетна. Очигледно, правењето хамбургери не им е јака страна на луѓето во Катар, коментираат луѓето. Но, една салата да не може да биде како што треба?

    Твитерџија постираше слика од својот скромен хамбургер со мала плескавица, пренесува Б92.

     

     

    „Платив 25 долари за плескавица и пиво, а погледнете ја оваа плескавица“, напиша шокиран твитерџија со фотографија на која се гледа причината за неговата жалба.

    „Ваквиот хамбургер е навреда, сфаќам дека бургерите не се дел од нивната национална кујна, но сепак доаѓаат обожаватели од целиот свет и оставаат големи суми пари во Катар – и вака ни се заблагодаруваат?“, „Не е евтино, ама затоа е лошо“, „Плаќаме за дома да се вратиме послаби“, продолжуваат да се редат коментарите.

    Друг навивач се жали на малите порции грчка салата.

     

     

    „Грчката салата ја платив повеќе од 10 долари, а еве што добив. Тоа се околу 3 долари за лист зелена салата“, пишува тој.

    „Ова е страшно, далеку им е Грција, затоа не се запознаени со ова комплицирано јадење“, „Вака јас сечкам салата кога сум прегладнет, па сакам само да ставам нешто во уста, што и да е“, „Важно е дека им доаѓале луѓе од цел свет, а што ќе јадат, тоа е помалку важно“, коментираат луѓето.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img