More

    Холанѓанецот санкциониран поради Израелката, се огласи и ЕБУ, го истражуваат инцидентот

    spot_img

    Холандскиот претставник на Евровизија, Џуст Клајн, денеска требаше да настапи на пробата петти по ред. Меѓутоа, тој не се појави на сцената, иако пристигна во арената со останатите кандидати. За неговото отсуство се огласи ЕБУ.

    – Во моментов истражуваме инцидент кој ни беше пријавен, а во кој е вмешан холандскиот претставник. Нема да има проби на неопределено време. Немаме други коментари во овој момент – изјавиле оттаму.

    Џуст, со останатите девет финалисти од второто полуфинале, присуствуваше на конференцијата за медиуми. Тој седеше до израелската претставничка Еден Голан, а цело време ја криеше главата под знамето на својата земја, на страната од лицето која гледала кон Еден. Кога таа започнала да одговара на прашањата, Холанѓанецот целосно ја покрил главата со знамето.

     

    Тогаш еден новинар ја прашал Еден дали смета дека со себе донела ризик и опасност за другите натпреварувачи, на што член на нејзиниот тим ѝ рекол дека не мора да одговара на прашањето. Џуст на тоа гласно рекол: „Зошто не?“.

    На социјалната мрежа Икс експлодираа објавите за холандскиот претставник и израелската делегација на Евровизија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img