More

    Во емотивна видео порака објави дека заминува од Франција

    spot_img

    Францускиот фудбалер Килијан Мбапе (25) на крајот од сезоната го напушта Пари Сен Жермен. Тој го објави ова во видео што го сподели на социјалните мрежи. Мбапе досега одбиваше да ги коментира гласините за неговата иднина, а сега ги презеде работите во свои раце и официјално се прости од парискиот клуб. Тој во недела на првенствениот натпревар против Тулуз ќе истрча на Паркот на принцовите последен пат како играч на ПСЖ.

    – Секогаш велев дека ќе се обратам јавно кога ќе дојде време, па затоа сакам да ви објавам дека ова ми е последна година во Пари Сен Жермен. Нема да го обновувам договорот и авантурата ќе заврши за неколку недели – рече Мбапе.

    Во емотивната порака, Мбапе им се заблагодари на сите со кои работеше во ПСЖ.

    – Има многу емоции, има многу години во кои имав можност и голема чест да бидам член на најголемиот француски клуб и еден од најдобрите клубови во светот, што ми го даде првото искуство во клуб со голем притисок. Исто така, ми овозможи да пораснам како играч покрај некои од најдобрите во историјата, да запознаам многу луѓе и да пораснам како човек со сета слава што ја стекнав и сите грешки што ги направив – истакна фудбалерот.

     

    Мбапе иако не откри во кој клуб ќе ја продолжи кариерата, изјави дека заминува од Франција. Според добро информираните светски експерти за трансфери, неговиот потпис за Реал Мадрид е речиси завршена работа. На крајот од оваа сезона Мбапе имаше опција да го продолжи договорот со ПСЖ на уште една година, но нема да го стори тоа и ќе го напушти клубот без обештетување.

    Мбапе пристигна во ПСЖ во 2017 година од Монако на 19-годишна возраст. Парижаните за него платија отштета од 180 милиони евра. За седум години во Париз, тој стана еден од најдобрите играчи во светот. Шест пати со ПСЖ го освојуваше францускиот шампионат, а во тој период со Франција го освои и Светското првенство. За парискиот клуб настапи 306 пати и постигна 255 гола.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img