More

    Холандскиот десничар Вилдерс шокира со изјавите и се мачи да состави влада

    spot_img

    Јордан е Палестина, а конфликтот меѓу Израел и Хамас може да се реши ако Палестинците се преселат во Јордан, смета десничарскиот популист Герт Вилдерс кој допрва треба да формира влада во Холандија како победник на тамошните избори. Контроверзниот политичар на себе го навлече гневот на земјите од Арапската лига, пишува Политико.

    Вилдерс е познат по своите про-израелски ставови. Тој смета дека Израел треба да поставува населби на Западниот Брег.

    Веднаш стигнаа реакциите од Арапската лига.

    „Неодговорните изјави дадени од холандскиот парламентарец Герт Вилдерс се сметаат за мешање во внатрешните работи на Хашемитското Кралство Јордан и (се) отфрлаат и се осудуваат“, напиша амбасадата на ОАЕ во Холандија на Икс.

    Тешко ќе му биде на Вилдерс да состави влада. Всушност, формирањето на кабинетот веќе започна со фијаско, пишува Дојче Веле.

    Гом Ван Стриен, посредникот кој требаше да ги води преговорите со другите партии, а кој Вилдер лично го назначил, си поднесе оставка. Холандските медиуми објавија дека поранешната компанија на Стриен учествувала во измама.

    „Немирите“ околу извештаите и времето потребно да се одговори на нив соодветно „не се вклопуваат во мојата работа“ како надгледувач, изјави Гом ван Стриен.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img