More

    Хари го обвинува Вилијам дека го нападнал во 2019 година?

    spot_img

    Принцот Хари во своите мемоари го обвинува својот брат Вилијам дека физички го нападнал, тврди Гардијан. Од весникот велат дека дошле до дневникот на војводата кој треба да биде објавен, пренесува Би-Би-Си. Наводно, се работи за расправија што браќата ја имале 2019 година во нивниот дом во Лондон.

    „Ме фати за крагна, ми го скина ланчето и ме собори на подот“, го цитира Гардијан пишувањето на принцот Хари.

    Весникот не дава повеќе информации поради „строгата безбедност пред лансирањето“ на книгата. За овие гласини допрва треба да се изјаснат од Бакингемската палата.

    Принцот Хари, според Гардијан, се жали како Вилијам бил критичен за неговиот брак со Меган Маркл. Вилијам ја опишал Меган како „тешка“, „груб“ и „абразивна“. Војводата од Сасекс, наводно, пишува дека неговиот брат „како папагал ја повторувал приказната во медиумите“ додека кавгата меѓу нив се разгорувала.

    Се вели дека принцот Хари опишува што се случило потоа, вклучително и наводна физичка пресметка.

    „Ја спушти (чашата со) вода, ме нарече со некое друго име, а потоа дојде кон мене. Сè се случи толку брзо. Толку многу брзо.Ме фати за крагната, скинувајќи ми го ланчето и ме собори на подот“, наводно пишува Хари.

    „Паднав врз чинијата на кучето, која пукна под мојот грб, а парчиња (од чинијата) влегоа во мене. Лежев таму за момент, зашеметен, а потоа станав на нозе и му реков да излезе“.

    Потоа, според приказната на Гардијан, Вилијам му рекол на Хари да му возврати, но тој одбил да го стори тоа. Сепак, Вилијам подоцна изгледал „натажено и се извинил“, се вели во четивото.

    А кој е тој ѓердан за кој зборува Хари? Фотографиите сугерираат дека принцот редовно носел темен ѓердан на настани како што се игрите „Инвиктус“ и на странските турнеи со Меган.

    Додека издавачите во „Penguin Random House“ допрва треба да потврдат дали објавените извадоци од книгата се вистинити, принцот Хари неодамна зборуваше за неговиот проблематичен однос со неговиот брат.

    Во документарецот на парот за Хари и Меган за Нетфликс, принцот Хари опишува состанок од 2020 година на кој присуствувал со неговиот брат и таткото Чарлс, сегашниот крал.

    – Беше застрашувачки кога брат ми врескаше и викаше по мене и татко ми кои кажуваат работи кои едноставно не беа вистинити, а баба ми тивко седи таму и некако го голта сето тоа – рече тој.

    Дека односите меѓу мажите во фамилијата не биле најсјајни зборува и друг детал од мемоарот, во кој, според Гардијан, Хари опишал што се случило на погребот на дедото Филип кога неговиот татко Чарлс стоел меѓу него и брат му Вилијам велејќи им:

    – Ве молам, момци, не ми ги правете последните години мизерија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img