More

    Харадинај ѝ се закани на Србија со моќта на американската армија

    spot_img

    Поранешниот премиер на Косово, Рамуш Харадинај, направи аналогија на војната на Косово со војната во Украина.

    Тој вели дека Русија има влијание на делови од Балканот, но дека руско влијание нема во неговата земја. Тој опасност гледа од спрската интервенција на северот од Косово, за што смета дека би било во интерес на Русија.
    – Кога тоа би се случило, целиот свет би знаел дека (Александар) Вучиќ тоа го прави за Русија. А ако нема можност да се најде решение за Русија, тогаш Западот е прилично добар за изнаоѓање на решение за Србија, како што тоа веќе го направи во 1999 година – изјави тој.

    За политиката на српскиот претседател Александар Вучиќ, Харадинај смета дека е потполно под руско влијание.

    – Знам дека Американците нема да дозволат на Косово да влезе ниту еден српски војник. Знам дека Белград ќе биде бомбардиран доколку тоа се случи. Србија знае дека Косово е под безбедносна одговорност на САД и на Велика Британија – изјави Харадинај.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img