More

    Хана Хуљиќ во Венеција го oткри трудничкиот стомак

    spot_img

    Сопругата на хрватскиот пејач Петар Грашо, музичарката Хана Хуљиќ (31) сподели неколку фотографии од патувањето во Венеција, а на една од нив се открил и трудничкиот стомак кој и понатаму се обидува да го сокрие.

     

     

    Хана насмеана позирала за фотографиите додека шетала низ Венеција. Иако на фотографиите не го покажува трудничкиот стомак, сепак, на една не успеала да го сокрие. Многумина под објавата коментирале дека изгледа прекрасно и дека блеска.


    Младата музичарка неодамна беше забележана на големата прослава на 50-тиот роденден на Северина кога блесна во фустан со точки. Таа на прославата се обидела да го сокрие трудничкиот стомак под лелеавиот материјал, а тоа го направила и во Венеција каде избрала удобна облека за прошетка.

     

    Да потсетиме, Хана треба да го роди своето прво дете на почетокот на летото, а нејзиниот сопруг Петар Грашо (46) своевремено откри и како се чувствува како иден татко.

    – Никој што ќе стане родител не треба да има страв, тоа е слатко исчекување. Доаѓа нешто ново, ново суштество, некој нов твој печат до крајот на животот, оној најубавиот. Не се плашам – заклучил Грашо за српски „Стори“.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img