More

    Хакан Ајсал беше уапсен минатата година за убиството на неговата бремена сопруга Семра Ајсал

    spot_img

    Хакан Ајсал беше уапсен минатата година за убиството на неговата бремена сопруга Семра Ајсал, што се случи во јуни 2018 година додека тие беа на одмор во долината на пеперутките во провинцијата Мугла на медитеранскиот брег на Турција.

    Полицијата го обвини Ајсал дека ја убил седуммесечната трудница туркајќи ја од карпа висока 300 метри, покрај тоа што Семра инаку се плашела од височина.

    Пред убиството, двојката се фотографирала на карпата, а обвинителите потоа тврделе дека Ајсал планирал се да изгледа како несреќа за да добие пари од осигурувањето кое било договорено непосредно пред смртта на Семра. Имено, тој на нејзино име подигнал полиса за осигурување од незгода со гаранција од приближно 46.000 евра.

     

    Минатата година, во јавноста беше објавено видео на кое се гледа како двојка оди по опасните падини неколку моменти пред жената да биде турната во смрт.

    Обвинителите рекоа дека поминале три часа на карпата бидејќи Ајсал чекал момент кога нема никој околу нив. Штом сфатил дека се сами, ја турнал во провалијата.

    Ајсал тогаш тврдеше дека тој не е одговорен за смртта на Семра.

    – По фотографирањето, мојата сопруга го стави телефонот во чантата. Подоцна ме замоли да и го дадам телефонот. Станав и штом тргнав на неколку чекори за да ја земам чантата, ја слушнав сопругата како вреска. Кога се свртев, ја немаше. Не ја турнав сопругата – изјави Ајсал во своја одбрана.

    На четириесетгодишниот Хакан Ајсал турскиот суд во вторникот му нареди да одлежи најмалку 30 години пред судиите воопшто да размислат за неговото ослободување.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img