More

    Грција, Бугарија и Турција не можат да се справат со надојдените реки

    spot_img

    Силни дождови зафатија големи делови на Грција, Бугарија и Турција, во кои веќе има извештаи за жртви и исчезнати, а властите евакуираат жители, туристи, стари лица од домови и апелираат до граѓаните да не излегуваат од дома. Веќе има извештаи за две жртви во Бугарија, еден мртов и една исчезната жена во морето во Грција, како и најмалку пет исчезнати во Турција.

    Невремето на јужниот бугарски брег на Црното Море однесе два животи, а на западот на Турција пет лица исчезнаа во поплавите. Две лица загинаа, а уште три лица се сметаат за исчезнати, објави бугарскиот телевизиски канал „БТВ“, повикувајќи се на официјални извори.Многу хотели и куќи се поплавени по обилните дождови, јавуваат бугарските медиуми. Властите во градот Царево прогласија вонредна состојба откако реката Велека се излеа од коритото. Според извештаите, патиштата беа поплавени, некои мостови беа однесени, а неколку одморалишта беа отсечени.

    Во одморалиштето Синеморец прекинато е снабдувањето со електрична енергија, а помалото село Кости е евакуирано. Властите во Царево ги повикаа луѓето да се преселат на повисоки места каде што е можно.

    По обилните дождови и поплавите на западот на Турција, пет лица се водат како исчезнати, меѓу кои и едно дете, јави државната новинска агенција Анадолија. Поплавите однесоа и бунгалови во одморалиштето во западната провинција Киркларели во близина на границите со Грција и Бугарија.

    Обилни дождови во понеделникот го погодија и градот Мугла во југозападна Турција, а гром предизвика пожари на 36 локации, јави Анадолија. Агенцијата за справување со катастрофи АФАД прогнозираше невреме во западниот и југозападниот дел на земјата, предупредувајќи за поројни поплави, удари на гром и силен ветер.

    Турција во средината на август беше погодена од топлотен бран. Температурите на исток и понатаму се над нормалните вредности за овој период од годината, додека на други места времето е стабилизирано, соопшти метеоролошката служба.

    Еден човек е пронајден мртов, а стотици куќи и патишта се поплавени во пристанишниот град Волос, во централна Грција, како резултат на бурата Даниел која го погоди нашиот јужен сосед. Загинатиот бил 70 годишен сточар, кој бил згмечен од ѕид кој се урнал од поројниот дожд во областа Агиос Георгиос, соопшти грчката противпожарна служба.

    Нешто по 20 часот е издадена наредба за евакуација на домот за стари лица во Волос, бидејќи потокот предизвикал сериозни оштетувања и го урнал стариот дел од домот. Ниту еден од 50-те жители не е во животна опасност.

    Според локалните медиуми, главната зграда, која е во близина на потокот, ќе биде евакуирана. Ќе останат само најстарите кои живеат во третиот дел од домот. Како што соопшти претходно градоначалникот на Волос, Ахилеас Беос, полицијата го забранила сообраќајот.

    Силните врнежи предизвикаа поплави и во Ламиа, како и на островите Крф и Скиатос, а во прекин е и железничката линија што ги поврзува Волос и Лариса.

    Непозната жена исчезна денеска во областа Торони на Халкидики. Како што пишуваат грчките медиуми, жената исчезнала на море додека била во кану. Ја нема околу еден час, а силните ефекти од бурата „Даниел“ веќе почнаа да се појавуваат во областите на полуостровот Ситонија. Се очекува брод и хеликоптер на крајбрежната стража да помогнат во потрагата по жената, пишува „Прототема“.

     

     

     

    Драматични снимки пристигнуваат од Грција, особено од областа Волос и Пелион, каде поради поплавата многу автомобили завршија во морето.

    Грчката полиција претходно денес забрани движење на возила на централниот град Волос и блискиот планински регион Пелион, бидејќи силната бура Даниел ја погоди областа, претворајќи ги улиците во поплавени порои. Забрана за сообраќај има и на Скијатос.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img