More

    Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска потпиша договор за вработување со Стефан Трпковски, кој е првото лице со Даунов синдром што ќе работи во оваа oпштина

    spot_img

    Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска потпиша договор за вработување со Стефан Трпковски, кој е првото лице со Даунов синдром што ќе работи во оваа oпштина.

    – Стефан му раскажа на градоначалникот за своите таленти, за кошарката која била негова прва љубов, за модерните танци и ya освоеното второ место  на Специјалната олимпијада за танцови игри, за пливањето кое веќе 10 години е негово хоби. Кажа дека се подготвува да плива на Параолимпијада во Берлин, каде задно со уште три други деца ќе ги брани боите на Македонија. Посака и во својата земја да постојат такви натпревари – се вели во соопштението на Општина Кисела Вода.

    Општината денеска се отворила и за други лица со Даунов синдром. Десетина од нив, кои се дел од здружението „Трисомија 21“, им помагале на вработените на шалтерот, издавале документи, го следеле процесот со архивирање предметите и разговарале со странки.

    – За жал, Дауновиот синдром, кој Светот го одбележува денеска, во Македонија сѐ уште е табу тема. На овие простори, преовладуваат стереотипи, кои овие лица ги држат на маргините на општеството. Интересно и крајно полезно е да ги запознаеме, да видиме каква е желбата кај нив, со каква трудољубивост настапуваат кога треба да совладаат некаква вештина – истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img