More

    Гитаристот на „Дуран Дуран“ испрати писмо до фановите

    spot_img

    Основачот на групата „Дуран Дуран“ и гитарист Енди Тејлор има рак на простата во четврта фаза, открија неговите колеги од бендот на церемонијата за воведување во Куќата на славните во саботата.

    Тејлор (61) не можеше да присуствува на церемонијата, но пејачот Сајмон ле Бон прочита писмо што Енди го напишал, во кое открива дека пред четири години му бил дијагностициран рак на простата кој е метастазиран.

    „Многу семејства го доживеаја бавното „горење“ што значи оваа болест и, се разбира, нашето семејство не е исклучок. Зборувам од перспектива на семеен човек, но со посебна понизност пред членовите на групата, најдобрите фанови, а групата може да ја има и оваа извонредна церемонија. Примам исклучителна терапија за мојата болест, но неодамна дојде до назадување. Мојата состојба не е непосредна закана за мојот живот, но нема лек. И покрај извонредните напори на мојот тим, морам да бидам искрен дека, и психички и физички, сум на работ. Сепак, ова не треба да го наруши она што бендот (со или без мене) успеа да го изгради и одржи во текот на 44 години“, напиша Тејлор во писмото кое беше прочитано на церемонијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img