More

    Германскиот производител на челик бара ослободување во случај на рационализирање на гасот

    spot_img

    Германскиот производител на челик Salzgitter AG преговара со регулаторите за да обезбеди ослободување во случај на можно рационализирање на гасот, предупредувајќи дека неговото производство е од клучно значење за енергетската безбедност и за испорака на топлинска енергија.

    Друг производител на челик во Германија е меѓу групата големи компании кои бараат ослободување од рационализирање во случај на натамошно намалување на испораките на гас од Русија. Руски Гаспром во моментов испраќа само петтина од договореното количество гас преку гасоводот Северен тек 1.

    Извршниот директор на компанијата, Гунар Гроблер, вели дека се во преговори со енергетскиот регулатор, кој е задолжен за изготвување планови за рационализирање на гасот во случај на криза во снабдувањето, а веќе испратил прашалници за потрошувачката до компаниите.

    Салцгитер е член на Германската федерација на производители на челик, која исто така преговара со регулаторот. Германија го најави второто ниво на подготвеност за криза во снабдувањето со гас, а третото ниво предвидува рационализирање на гасот. Индустријата троши околу една четвртина од гасот.

    Салцгитер веќе ја намали потрошувачката на енергија за повеќе од 20 отсто во споредба со минатата година, делумно поради помалата побарувачка за челик што се очекува во втората половина од годината, истакна Гроблер.

    Компанијата, исто така, произведува цевки кои ќе ги поврзат двата планирани терминали за течен природен гас (LNG) на мрежата, што значи дека игра клучна улога во напорите на Германија да ја намали нејзината зависност од руските енергетски извори.

    „Затоа, ние сме дел од решението што носи поголема енергетска независност“, нагласи Гроблер за Ројтерс.

    Запрашан дали Салцгитер можеби ќе треба да ги прекине операциите, Гроблер одговори: „Тоа постојано нè прашуваат. Што ќе се случи ако Салцгитер целосно се затвори? Би рекол дека шансите за тоа се релативно мали“.

    Тој истовремено предупредува дека го снабдуваат градот Салцгитер со топлинска енергија, што значи дека и тие играат важна улога во тој сегмент на локално ниво.

    Топлината од производствените процеси на компанијата се враќа во системот за греење, за што Гроблер верува дека може да биде загрозена ако производството престане: „Ова би значело дека околу 100.000 жители ќе останат без топла вода и греење“, објасни Гроблер.

    Салцгитер е и трет најголем снабдувач со вода за пиење во сојузната покраина Долна Саксонија, која поседува 26,5 отсто од акциите, потсетува директорот на Салцгитер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img