More

    Германија се сопна: „Во рецесија сме и нема знаци за закрепнување“

    spot_img

    Германската економија повторно се спушти на нивоа на пандемијата и во моментов нема знаци на системско закрепнување, предупреди Индустриската и трговската комора (ДИХК).

    „Германија е во рецесија. Ние сме меѓу ретките европски земји чија економија повторно падна под нивото што го забележавме пред пандемијата. Ова е предупредувачки знак“, изјави шефот на ДИХК, Питер Адријан.

    Ситуацијата во германската економија е генерално тешка, рече Адријан, истакнувајќи ги проблемите меѓу средните компании и неподготвеноста на компаниите да инвестираат.

    Тој предупреди дека се уште нема знаци за системско закрепнување, прогнозирајќи „голем пад на градежниот сектор во втората половина од годината“ поради зголемените камати и скапите градежни материјали.

    „Ова ќе предизвика негативни последици во целата економија“, смета тој.

    „Не се осмелувам да предвидам кога работите ќе почнат повторно. Веројатно ќе бидеме среќни ако на крајот на годината видиме нулта стапка на економски раст, а не минус. Сепак, ова во најдобар случај значи стагнација“, потсети тој.

    Неопходен е огромен напредок за да се обезбеди просперитет на Германија, предупреди Адријан.

    Германските компании се погодени од неизвесност, а како пример ја наведуваат транзицијата кон зелена енергија. Компаниите не знаат каква улога ќе има гасот во транзицијата кон обновливи извори на енергија, снабдувањето со енергија не станува подостапно, рече тој.

    „Сè уште немаме зелен водород или сигурно и евтино снабдување со зелена струја за компаниите“, објасни првиот човек на ДИХК.

    Германија би можела да заостане уште повеќе зад меѓународната конкуренција и веќе е меѓу земјите на ЕУ со најслаби економски резултати, додаде тој.

    Германските компании често бараат локации надвор од Европа, во САД, Јужна Америка и Азија, главно за да ги намалат трошоците, нагласи тој, порачувајќи им на претставниците во Бундестагот да се грижат за овој тренд.

    „Долгорочно тоа води кон постепено иселување на компаниите, што секако влијае на работните места во Германија. Затоа што (би можевме) да ги изгубиме засекогаш“, нагласи тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img