More

    Генчовска: Реакцијата во С Македонија е загрижувачка

    spot_img

    Реакцијата во Северна Македонија на европскиот предлог за деблокирање на евроинтеграциите на државата е доста загрижувачка за една демократска земја, изјави денеска министерката за надворешни работи Теодора Генчовска во коментар на последните случување во земјава.

    – Да им дадеме можност да и објаснат на нивната заедница што е овој пакет – рече Генчовска по денешната седница на бугарската Влада во оставка.

    Таа нагласи дека она што може да се направи од бугарска страна е да не се шпекулира со информации објавени во медиумите во Северна Македонија.

    Според Генчовска, бугарската позиција е јасна и Министерството за надворешни работи ма Бугарија строго ја почитува одлуката на бугарското Народно собрание.

    – Колегите во Република Северна Македонија треба да поминат низ процес согласно процедурите и да ги разгледаат документите преку нивната Влада и нивниот Парламент – додаде Генчовска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img