More

    ФФМ ги утврди цените на билетите за натпреварот меѓу А репрезентациите на Македонија и Бугарија од Лигата на нации кој ќе се одигра на 26 септември на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје

    spot_img

    Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги утврди цените на билетите за натпреварот меѓу А репрезентациите на Македонија и Бугарија од Лигата на нации кој ќе се одигра на 26 септември на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

    Цената на влезница за овој меч ќе изнесува 250 и 350 денари. Влезниците ќе се продаваат преку продажната мрежа на „МКТикетс“, официјален партнер на ФФМ за продажба на билети.

    Едно лице ќе може да купи најмногу четири билети со приложување на документи за идентификација.

    Потсетување дека нашата А селекција ги одржува шансите за освојување на првото место во групата „4“ од Лигата „Ц“, за промоција во Лигата „Б“ и плеј-оф за пласман на Европското првенство 2024. На табелата води Грузија со 10 бодови, пред Македонија која има седум, Бугарија три, а Гибралтар 1.

    И две победи до крајот може да не бидат доволни за нас да ја оствариме целта, но има неколку опции преку кои може да се дојде до првото место. Ни треба висока победа на 23 септември на гостувањето кај Грузија од најмалку три гола разлика (загубивме во првиот меѓусебен дуел со 0:3), а потоа три дена подоцна да се оди и на победа во Скопје против Бугарите.

    Има и опција доколку се победи евентуално со помала разлика во Тбилиси, секако би имале ист број на бодови, но во таков случај Грузија во последното шесто коло не смее да триумфира над Гибралтар на гости.

    Исто така на седницата на У.О. на ФФМ прифатен е предлогот за слободен влез на стадионот на ТЦ „Петар Милошевски“ – Скопје за љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација на натпреварот Македонија – Летонија во женска конкуренција од квалификациите за Светското првенство 2023. Дуелот ќе се одигра на 1 септември од 16.00 часот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img