More

    Еве какви одлуки биле донесени на Соборот на СПЦ

    spot_img

    Штотуку заврши Соборот на Српската православна црква (СПЦ) кој се одржа од 14 до 20 мај во храмот Св. Сава во Белград, а на кој, меѓу другото, беа носени одлуки за интеграција на Православната охридска архиепископија (ПОА) во Македонската православна црква (МПЦ-ОА).

    Во соопштението што денеска го објави СПЦ, во поглед на македонското прашање, се вели:

    „На годинешново заседание на Светиот архијерејски Собор особено внимание е посветено на темата на конечното решавање на канонскиот статус на архијереите на Православната охридска архиепископија, во светлина на минатогодишната одлука на Светиот архијерејски Синод за враќање во канонски статус и воспоставување литургиско единство – и последователната одлука за доделување на Томос за автокефалија – на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија. За таа цел, Соборот ја донесе одлуката за доделување на канонски отпуст на Јерархијата на оваа автономна Црква од страна на Српската православна црква и нејзино интегрирање во Синодот на Македонската православна црква во склад со свештените канони и Уставите на нашите две помесни Цркви, како и со претходнопостигнатиот договор на Синодите на сите три црквени структури“, наведено е во соопштението на СПЦ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img