More

    Ескобар го потсетува Косово на преземената обврска

    spot_img

    Заедницата на српски општини (ЗСО) ќе биде формирана, изјави денеска специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар на онлајн конференција, организирана од Атлантскиот совет.

    Ескобар рече дека формирањето на ЗСО, за кое е постигнат договор во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина, во Брисел, е правно-обврзувачка одредба.

    – СЗО е правно-обврзувачка за Србија, за Косово и за ЕУ – изјави американскиот заменик државен секретар.

    Тој додаде дека формирањето на ЗСО е обврска и за САД, токму затоа што тие го поддржуваат дијалогот.

    – Значи, ЗСО треба да се спроведе и ќе се спроведува – рече Ескобар.

    Тој изрази надеж дека Приштина ќе го види формирањето на ЗСО како позитивна можност бидејќи, како што потсети, има многу такви примери кои обезбедуваат колективни права на малцинствата во Европа.

    Тој потсети дека на северот на Косово има 70.000 Срби и дека тие се во центарот на тензиите и конфликтите и дека мора да се најде начин да се заштитат од институциите на Косово, но и да им се даде можност да учествуваат во социјалните, економски и политички настани во Србија, бидејќи се „двојни граѓани”. Тој додаде дека доколку не се реши проблемот со ЗСО, кризата ќе се повторува.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img