More

    Ерупцијата на најголемиот активен вулкан во светот на Хаваите ги привлекува љубопитните

    spot_img

    Првата ерупција на најголемиот активен вулкан во светот, Мауна Лоа, на Големиот остров на Хаваи во последните 38 години, продолжи да ги привлекува гледачите во вторникот да видат две нови реки од лава на вулканот. Во исто време продолжи бавната ерупција од соседниот вулкан Килауеа, која трае веќе една година.

    Лавата во моментов не им се заканува на ниту една заедница на Големиот остров, но локалното население е паметно да биде претпазливо и самостојно се иселило од околината на вулканите, додека останале само љубопитните туристи.

    Научникот од хавајската опсерваторија за вулкани Кен Хон рече дека лавата полека тече по вулканот и се приближува до патот Седл, кој ги поврзува источниот и западниот дел на островот. Гувернерот на Хаваите Дејвид Иге прогласи вонредна состојба за секој случај, велејќи дека е многу благодарен што лавата не им се заканува на заедниците и што училиштата и бизнисите можат да останат отворени.

    Портпаролката на Националниот парк Big Island Volcanoes, Џесика Феракејн рече дека глетката е спектакуларна, бидејќи посетителите имаат можност да бидат сведоци на дури две ерупции.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img