More

    Ердоган остро го критикува Израел за војната во Газа

    spot_img

    Начинот на кој војува Израел ќе нé натера да ви недостига Хитлер, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во средата на церемонијата на доделување награди во Анкара, пренесува Њузвик. Тој го спореди односот на Израел кон Палестинците со односот на нацистичкиот лидер Адолф Хитлер кон Евреите и другите маргинализирани групи во 1940-тите.

    – Порано зборуваа лошо за Хитлер. Каква разлика имаш од Хитлер? Ќе ни направат да ни недостига Хитлер. Дали она што го прави овој (израелски премиер Бенјамин) Нетанјаху е помалку од она што го направи Хитлер? Не е – рече Ердоган и продолжи:

    – Тој е побогат од Хитлер, ја добива поддршката од Западот. Секаква поддршка доаѓа од САД. И што направија со сета оваа поддршка? Убија повеќе од 20.000 жители на Газа.

    Ердоган набрзо доби одговор од премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху. Тој го прозва турскиот претседател за неговото наводно малтретирање на курдскиот народ, иранска етничка група.

    „Ердоган, кој врши геноцид врз Курдите и кој го држи светскиот рекорд за затворање новинари кои се противат на неговиот режим, е последниот човек кој може да ни проповеда морал“, напиша Нетанјаху во објава на Икс во средата и додаде:

    „ИДФ, која е најморалната армија во светот, се бори да ја елиминира најодвратната и најбруталната терористичка организација во светот, Хамас-ИСИС, која изврши злосторства против човештвото и која Ердоган ја пофали и чии лидери ги одомаќини“.

    Во војната против ИСИС САД ги сметаат курдските Единици за заштита на народот (ЈПГ) за сојузник додека Турција ги смета ЈПГ за терористичка организација.

    Во октомври 2019 година, Турција започна воена офанзива во североисточна Сирија за да ги избрка курдските сили од нејзината граница. Регионот е под контрола на сириската курдска партија Демократска унија и на ЈПГ.

    Турција започна воздушни напади и артилериски оган во Сирија само неколку дена откако САД објавија дека ги повлекуваат војниците од регионот. Администрацијата на Трамп ја бранеше одлуката во тоа време, велејќи дека приоритет им е на безбедноста на американските војници во услови на упад на Турција.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img