More

    Електричните возила „e-Go“ ќе се произведуваат во Северна Македонија

    spot_img

    Електричните возила „e-GO“ ќе се произведуваат во Северна Македонија, најави премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски.

    Ковачевски на Фејсбук напиша дека е одобрена владина поддршка за реализација на милионската германска инвестиција која, посочи, ќе даде голем придонес за македонската економија.

    „Во Технолошко-индустриската развојна зона Тетово се гради првата фабрика во која за прв пат (во Северна Македонија) ќе произведуваат комплетни електрични автомобили“, истакна Ковачевски.

    Според него, со изградбата на таа фабрика се обезбедуваат нови работни места, договори за дополнителна соработка со други локални компании, извоз на производство со голема додадена вредност, трансфер на знаење и технологија.

    „Ова е можност Северна Македонија да се најде на мапата на странски инвеститори од автомобилската индустрија. Како Влада правиме се за да обезбедиме подобра иднина за сите наши граѓани“, напиша Ковачевски.

    „Е-Го“ Мобил е германски производител на електрични возила со седиште во Ахен. Компанијата е основана во 2015 година од Гунтер Шун, професор на Технолошкиот факултет од Ахен. Тој беше и еден од ко-основачите на компанијата „Стрицкутер“, која произведува електрични комбиња. Германската пошта го обнови својот возен парк во 2014 година со овие возила.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img