More

    ЕК за оддавање чест на Шешељ: Во Европа нема каде да се слават воените злосторници

    spot_img

    Во Европа нема место за негирање на геноцид, ревизионизам и глорификација на воените злосторници, се вели во одговорот на Европската комисија во врска со орденот што Српската православна црква му го додели на хашкиот осуденик Воислав Шешељ, пренесува Гласот на Америка.

    „Нашиот став е јасен. Обидите за препишување на историјата се неприфатливи“, изјави портпаролката на Европската комисија Ана Писонеро Хернандез во писмената реакција до Гласот на Америка.

    „Религиозните водачи и заедници имаат одговорност да покажат лидерство во надминувањето на тешкото наследство од минатото и конструктивно да негуваат меѓусебна доверба, дијалог и толеранција, неопходни за стабилност, мирна иднина и напредок“, вели Писонеро.

    Шешељ отиде пред Хашкиот трибунал во 2003 година, под обвинение за поттикнување злосторства против човештвото, кршење на законите и обичаите на војната во Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија.

    Во обвинителниот акт беше наведено дека со своите говори и изјави придонел за одлуката на сторителите да извршат кривични дела.

    Во 2018 година, Апелацискиот совет на Механизмот за меѓународни кривични судови, наследник на Хашкиот трибунал, го осуди Шешељ на 10 години затвор за поттикнување прогон, депортација и принудно раселување, присилно преселување на Хрватите во војводинското село Хртковци2 во 199 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img