More

    Двете страни жестоко се обвинуваат дека ќе биде употребено грозоморното оружје

    spot_img

    Русија планира денеска пред Советот за безбедност на Обединетите нации да изнесе обвинувања дека Украина планира напад со „валкана бомба” и од тие причини ќе го повика првиот човек на ОН, Антонио Гутереш, да направи сè што може за „да го спречи ова грозоморно злосторство”.

    Со напредокот на украинските сили во стратешки важната провинција Херсон, што е окупирана од Русија, највисоките руски функционери вчера и завчера им телефонираа на своите западни колеги и им соопштија дека официјална Москва се сомнева дека Украина планира да употреби таканаречена „валкана бомба” која содржи нуклеарен материјал.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски одговори и ја обвини Русија дека токму таа планира таков напад и дека за тоа сака да ја обвини Украина. Западните земји, исто така, ги отфрлија обвинувањата на Русија како изговор за интензивирање на осуммесечната војна што почна во февруари кога руските сили ја нападнаа соседна Украина.

    „Употребата на „валканата бомба” од страна на режимот во Киев ќе ја сметаме за акт на нуклеарен тероризам. Ги повикуваме западните земји да влијаат врз режимот во Киев да се откаже од своите опасни планови кои го загрозуваат меѓународниот мир и безбедност. Го повикуваме генералниот секретар на Обединетите нации да направи се што е во негова моќ за да спречи да се случи ова грозоморно злосторство”, му пишува рускиот амбасадор во ОН Василиј Небензија во писмото до Гутереш и Советот за безбедност, а во кое увид имале британските медиуми.

    Русија им најави на другите членови на Советот дека ќе го покрене ова прашање на денешниот итен состанок зад затворени врати, наведуваат дипломати на Ист Ривер.

    Од друга страна генералниот секретар на НАТО, како и Стејт департменот ги отфрлија руските тврдења дека Украина има намера да употреби „валкана бомба”.

    – Русија ќе се соочи со последици доколку употреби „валкана бомба” или нуклеарно оружје, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс.

    На прашањето дали Вашингтон ќе ја третира употребата на „валкана бомба” на ист начин како и употребата на нуклеарна бомба, Прајс рече дека „ќе има последици” за Русија во секој случај.

    „Дали ќе употреби ‘валкана бомба” или нуклеарна бомба, бевме јасни по тоа прашање”, рече Прајс.

    Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека сојузниците на НАТО го отфрлаат обвинувањето дека Украина се подготвува да употреби „валкана бомба” на своја територија за да ја обвини Русија за настанатата радиоактивна контаминација.

    – Сојузниците на НАТО ги отфрлаат руските обвинувања. Русија не смее да го користи ова како изговор за ескалација – рече Столтенберг.

    Западните сојузници на Украина отфрлија каква било сугестија дека Киев гради или планира да користи „валкана бомба”, конвенционално оружје чие јадро е обвиткано во нуклеарен материјал.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека обвинението е знак дека Москва планира таков напад и дека ќе го обвини Киев.

    Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во понеделникот изјави дека обвинувањата на Зеленски дека Москва планира напад со радиоактивна „валкана бомба” не се за „сериозен разговор”.

    Во меѓувреме на барање на официјален Киев меѓународната организација за контрола на нуклеарната енергија МААЕ се подготвува да испрати инспекција на две локации во Украина заради тврдењата за „валкана војна”.

    „Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) е запознаена со изјавите на Руската Федерација за наводни активности на две нуклеарни локации во Украина”, наведе МААЕ вчера преку соопштението.

    Агенцијата на ОН додаде дека двете локации веќе биле предмет на нејзини инспекции, а едната од нив пред еден месец.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img