More

    Две деца повредени во вчерашната несреќата на автопатот Тракија во Бугарија ќе бидат пренесени во болницата Пирогов во Софија

    spot_img

    Две деца повредени во вчерашната несреќата на автопатот Тракија во Бугарија ќе бидат пренесени во болницата Пирогов во Софија, изјави службениот министер за здравство на таа држава, Асен Меџидиев.

    Во болницата во Стара Загора има 14 лица – двајца возрасни и 12 деца.

    Две од децата се во тешка состојба. Едното сега е стабилизирано и е контактибилно, но ќе биде потребна операција. Во 9 часот детето ќе биде пренесено во Софија на детска хирургија, додека другото дете има трауматски шок и траума на горен екстремитет. Неговата состојба е малку влошена. Ќе се транспортира до „Пирогов“ – рече Меџидиев.

    На еден возрасен му е ампутиран екстремитет, изјави министерот за здравство.

    Оние кои се во добра состојба со амбулантно возило ќе бидат пренесени на граница каде ќе бидат преземени од српска страна.

    Автобус со регистерски таблички од Шабац, Србија излета вчера од автопатот Тракија во Бугарија и се преврте во ендек. Несреќата се случи вчера околу 20 часот по локално време на 216 километри во правец на Софија, кај Стара Загора. Децата биле учесници на фестивал во Несебар. Патувале од Несебар и се членови на фолклорниот ансамбл ЈУ-ЛИРА од Србија.

    Повеќето се од Батајница. Во автобусот имало 38 деца и 11 возрасни.

    Министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар во текот на ноќта замина во Бугарија за да ги посети повредените и со бугарските колеги да разговара за понатамошните чекори во нивното лекување и дали е потребна дополнителна помош за повредените.

    Во текот на ноќта на местото на несреќата пристигнаа главниот обвинител на Бугарија, Иван Гешев и неговиот заменик Борислав Сарафов, кој е и директор на Националната истражна служба, за да се запознаат со текот на истрагата.

    -За жал, имаме хронични проблеми и со патиштата и со ознаките на патиштата. Од обвинителството повеќепати ни е кажано дека имаме проблеми со возачите кои управуваат со моторни возила откако конзумирале алкохол и дрога – рече тој.

    На таа магистрала пред два дена загинаа бремена жена и дете откако автомобил со турски регистерски талбички со кој се превезувале излетал од патот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img