More

    Два брода потонаа во близина на Тунис, најмалку 27 мигранти се водат за исчезнати

    spot_img

    Најмалку 27 лица се исчезнати или се претпоставува дека се мртви откако два брода со мигранти потонаа во близина на источниот брег на Тунис.Првиот брод во петокот тргна од Тунис за Италија со 37 луѓе. Дваесет од нив се сметаат за исчезнати, додека 17 се спасени, изјави портпаролот на судот во градот Сфакс.

    Во саботата четири тела беа извлечени од морето по потонувањето на друг брод, пишува Би-Би-Си. Од вториот брод се спасени 36 лица, додека тројца се водат како исчезнати, изјави портпаролот.

    Портпаролот Фаузи Масмуди рече дека бродовите биле направени од железни плочи.

    Од почетокот на март, најмалку седум слични бродови се пријавени кај Тунис, со околу 100 загинати или исчезнати.

    Некои делови од тунискиот брег се оддалечени само околу 150 километри од Лампедуза, италијански остров кој често се користи како премин кон копното, пишува Би-Би-Си.

    Поради својата близина до Италија, Тунис ја престигна Либија како главна појдовна точка за луѓето кои бегаат од конфликтот и страшната сиромаштија на Блискиот Исток и Африка во потрага по подобар живот во Европа.

    Според туниската крајбрежна стража, во првите три месеци од оваа година, повеќе од 14.000 мигранти, повеќето од субсахарска Африка, биле запрени во обидот да стигнат до Европа од Тунис. Бројката е пет пати поголема од истиот период лани.

    Портпаролот на туниската Национална гарда Хусем Џебабли рече дека очекувањата за 2023 година „многу се зголемија бидејќи многу повеќе луѓе си заминуваат“.

    Мигрантите често плаќаат огромни суми пари за да ги превезат шверцерите во небезбедни пловни објекти.

    Масмуди рече дека најважно и пресудно е самите шверцери да бидат приведени, а потоа најави истрага за двете бродски несреќи.

    Целта беше да се пронајдат „организаторите на обидите за преминување кои ги принудија да се качат на бродови од железен лим, кои воопшто не нудат минимални безбедносни услови, но се поевтини за производство од дрвените“, рече тој.

    Италијанскиот премиер Џорџија Мелони изјави во петокот дека Европа ризикува уште еден голем бран мигранти да пристигне на нејзините брегови од Северна Африка, доколку не се заштити финансиската стабилност во Тунис.

    Мелони го повика Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и другите земји брзо да му помогнат на Тунис да го избегне колапсот на земјата.

    Тунискиот министер за надворешни работи Набил Амар минатата недела изјави дека на земјата и се потребни средства и опрема за подобра заштита на своите граници. Тунис доби опрема од Италија во последниве години, но Амар рече дека таа е застарена и недоволна.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img