More

    Драстично намалување на популациите на диви животни

    spot_img

    Набљудуваните популации на диви видови, цицачи, водоземци, влекачи и риби, се намалиле во просек за 69 проценти од 1970 година, според објавениот извештај на Светскиот фонд за дивиот свет (WWF), кој вели дека состојбата на природата е сериозно оштетена и дека е потребно итно зачувување на биолошката разновидност.

    Повикувајќи се на наодите од „Извештајот за состојбата на планетата“, генералниот директор на „WWF International“, Марко Ламбертини, рече дека се соочуваме со две кризни ситуации предизвикани од човековото дејствување: климатските промени и губењето на биолошката разновидност, кои ја загрозуваат благосостојбата на сегашните и иднините генерации.

    – Овој извештај прикажува шокантни бројки. Ако сакаме да го запреме и да го промениме губењето на природата и да обезбедиме здрава иднина за луѓето и природата, одговорот мора да биде промена на системот – рече тој.

    Губење на живеалиштата, загадување

    Досега најголемата база на податоци која опфаќа речиси 32.000 популации од 5.230 видови, „Индексот на животот на планетата“, кој беше создаден како дел од извештајот на Зоолошкото друштво од Лондон, покажува дека особено остар пад е забележан меѓу популации на набљудувани ‘рбетници во тропските предели.

    Извештајот покажува како деградацијата и губењето на живеалиштата, експлоатацијата, воведувањето на инвазивни видови, загадувањето, климатските промени и болестите се главните причини за намалувањето на популацијата на дивиот свет ширум светот.

    Некои од овие причини придонесоа за 66 отсто загуба на африканскиот див свет во текот на разгледуваниот период, како и за севкупниот пад од 55 отсто во Азија и Пацификот. „WWF“ е исклучително загрижен за овој тренд бидејќи се работи за регионите со најголем биодиверзитет во светот.

    Видовите се намалуваат во Јужна Америка и Карибите за 94 проценти

    Податоците од Индексот конкретно укажуваат дека помеѓу 1970 и 2018 година, забележаните популации на диви животни во Јужна Америка и Карибите се намалиле во просек за 94 проценти.

    Бројот на забележани популации на слатководни животни се намалил во просек за 83%, поради што оваа група на видови води во споредба со сите други. Загубата на живеалиштата и пречките на миграционите рути претставуваат околу половина од сите закани за набљудуваните видови миграциски риби.

    Ламбертини рече дека светските лидери на конференцијата за биолошка разновидност „COP15“ во декември ќе имаат можност да ги обноват нарушените односи со природниот свет и да обезбедат поодржлива иднина со амбициозен глобален договор за биолошка разновидност, сличен на Парискиот договор.

    Потребна е итна акција

    – Неопходно е овој договор да овозможи итно дејствување на терен, вклучително и трансформација на секторите кои водат до губење на природата и финансиска поддршка за земјите во развој – додаде тој.

    Извршната директорка на „WWF Adria“, Наташа Калауз предупреди дека нашите големи животни, волк, мечка и рис, се соочуваат со проблем на преживување.

    Таа рече дека одговорност на сите нас е да направиме нешто доколку сакаме здрава планета за идните генерации. Ова вклучува декарбонизација на сите сектори, но и промени во начинот на кој произведуваме и трошиме производи, живееме, избираме транспорт, јадеме и управуваме со ограничените природни ресурси.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img