More

    Драмолетката во ОпенАИ е при крај, уште да знаеме кој беше организаторот?

    spot_img

    Западните медиуми пишуваат дека Сем Алтман, самопрогласениот милијардер марксист кој беше на чело на компанијата ОпенАИ ќе се врати во компанијата – само денови откако тој беше отпуштен, а и самиот изјави дека нема да се врати. Овојпат, враќањето на Алтман го потегнал поранешниот претседател Грег Брокман кој поднел оставка гневен од одлуката, пишува Д Верџ.

    Сега компанијата одново ќе го формира бордот на директори, пишува Ројтерс. Претходно, медиумите пишуваа за можност заменичката извршен директор Мира Мурати, да застане на чело на компанијата. Тогаш компанијата соопшти дека Мурати „не е долготрајно решение“.

    Во вторникот компанијата рече дека има начелен договор за враќањето на Алтман. Самиот Алтман имаше понуда да се вработи во ривалската компанија Мајкрософт.

    Новиот борд на директори на ОпенАИ треба да го сочинуваат најмногу 9 луѓе. Извршниот директор Сатја Надела рече дека компанијата не сака повеќе „изненадувања“. Новата архитектура би требало да ги „рестартира“ односите во компанијата.

    Но, кој стои зад „државниот удар“ во ОпенАИ? Компанијата сака самата да спроведе истрага со независен адвокат.

    Што ќе донесе враќањето на Алтман? Еден од другите големи инвеститори на ОпенАИ, „Thrive Capital“, го нарече враќањето „најдобар резултат за компанијата, нејзините вработени, оние кои се надоврзуваат на нивните технологии и светот во целина“.

    – ОпенаАИ има потенцијал да биде една од најзначајните компании во историјата на компјутерите – рече партнерот на „Thrive“, Кели Симс во изјавата споделена со Верџ.

    А потоа додаде:

    – Сем и Грег поседуваат длабока посветеност на интегритетот на компанијата и неспоредлива способност да инспирираат и водат. Не можевме да бидеме повозбудени што ќе се вратат во компанијата што ја основаа и помогнаа да се изгради во она што е денес“.

    Хелен Тонер, која беше клучен член на одборот во првичниот потег за соборување на Алтман, едноставно рече:

    – Е сега сите можеме да се наспиеме.

    Алтман беше отпуштен во петокот со образложение дека во последно време не бил искрен со компанијата. За да се донесе одлуката за негов отказ, меѓу другото, требало да бидат ротирани двајца извршни директори.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img