More

    Доколку Регулаторната комисија за енергетика ги прифати барањата, граѓаните од 1 август ќе плаќаат за 54% повисоки сметки за парно

    spot_img

    Компании на ЕСМ за снабдување со топлинска енергија бараат зголемување на цената на парното за втората половина од годината, доколку Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ги прифати барањата, граѓаните од 1 август ќе плаќаат за 54% повисоки сметки за парно, објави ТВ Телма.

    Компаниите веќе ги доставиле пресметките до комисијата, а две од трите фирми за парно на ЕСМ бараат зголемување. Пресметки доставиле и ЕСМ Енергетика и Скопје Север.

    -Дистрибуција бара зголемување за 50 отсто, снабдување за 54, 2 проценти, а за производство, намалување за 29,42 проценти. Во постапка сме на разгледување, за 10 дена ќе знаеме што е како е, се аналзираат нивните трошоци. Ако се прифатат барањата за 54% би било зголемувањето на цената на парното, изјави претседател на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимовски за Телма.

    Во РКЕ ќе ги разгледаат барањата и како што е најави Бислимовски, за десетина дена, би се знаела новата цена на парното, која ќе важи од први август.

    ДДВ-то за топлинска енергија, останува 5 отсто, и засега нема најава дека ќе се менува.

    ЕСМ втора сезона менаџира со парното греење. Откако и се одзедоа лиценците за работа на БЕГ, Владата ги задолжи државните електрани да го прават тоа. За таа цел, ЕСМ формираше и три нови фирми, за производство, дистрибуција и за снабдување со топлинска енергија. Градско парно користат околу 60 илјади домаќинства.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img