More

    Директорот Тасевски во Букурешт на Генерално собрание на шефови на полиции од Југоисточна Европа СЕПКА (Галерија)

    spot_img
    Директорот Тасевски во Букурешт на Генерално собрание на шефови на полиции од Југоисточна Европа СЕПКА
    Денеска, директорот на Бирото за јавна безбедност м-р Сашо Тасевски во Букурешт, Романија учествува на состанок на Генералното собрание на Асоцијацијата на шефови на полиции од Југоисточна Европа СЕПКА во рамки на Романското претседавање. Генералното собрание е највисокото тело за донесување одлуки во рамки на СЕПКА во кое членуваат генералните директори на полициските служби на земјите членки на Асоцијацијата.
    Откако беа претставени резултатите од романското претседавање и идните насоки во однос на Вториот дополнителен протокол на Конвенцијата за компјутерски криминал -Будимпештанската конвенција, чија цел е зајакнување на соработката и откривање на електронски докази, директорот Тасевски во своето обраќање се осврна на состојбата во областа на борбата против компјутерскиот криминал, можностите за обуките на Агенцијата на Европската Унија за обуки за спроведување на законот ЦЕПОЛ и заедничките проекти на ИНТЕРПОЛ, а беше поздравено и објавувањето на новата проценка на закани од сериозен и организиран криминал на земјите членки на СЕПКА за 2021 година.
    По дискусијата за новите предизвици и патот натаму во рамки на актуелниот регионален контекст, состанокот на Генералното собрание заврши со предавање на претседателството од Романија на Република Српска.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img