More

    Директорот на БЈБ Тасевски во работна посета на Турската национална полиција

    Делегација на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, предводена од првиот човек на БЈБ, директорот Сашо Тасевски од вчера е во тродневна работна посета на Турската национална полиција, а во рамки на билатералната соработка на двете полициски служби.

    Денеска (28.12.2023) директорот Тасевски оствари работна средба со генералниот директор на турската национална полиција Ерол Ајилдиз. Притоа, на средбата директорот Тасевски ги потенцираше низата досегашни заеднички успешни активности на двете полиции, остварени преку официјалните канали за меѓународна полициска соработка, односно преку Националните централни бироа, потоа СЕЛЕК, како и преку полицискиот офицер за врска при турската амбасада во Скопје. Тасевски нагласи дека со таквата соработка, беше овозможена ефикасна и брза размена на оперативни информации во реално време, сознанија и податоци во сите области на криминал, така што меѓународната соработка на двете полиции е насочена кон различни области на делување тргнувајќи од сузбивање на криминалните трендови поврзани со недозволена трговија со дрога, криумчарење мигранти, насилен криминал, финансискиот криминал, фалсификуваните банкноти, заплена на златен накит и проверка и злоупотреба на лични документи.
    Двајцата соговорници оценувајќи ја досегашната соработка како исклучително добра, констатираа дека постојат можности за нејзино продлабочување и интензивирање во разни области од меѓусебен интерес.

    Во текот на посетата на директорот Тасевски, покрај средбата со генералниот директор на Турската национална полиција Ајилдиз, планирано е делегацијата на БЈБ при МВР да има работни средби со раководители на турските полициските служби за борба против организираниот криминал и недозволената трговија со луѓе – генералите Шукру Јаман и Ахмет Метин Туранли, како и со директорот на турската жандармерија Ахмет Четин.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img