More

    Димитров открива што ја кочи работата на Историската комисија

    spot_img

    Шефот на бугарскиот тим од Заедничката историска комисија вели дека нема подготвеност за промена на учебниците во Македонија, а според него тоа може да се случи веднаш.

    Ангел Димитров за БНТ вели дека во Македонија главно се занимаваат со барањето на ДПМНЕ за распишување референдум за целосно да се отфрли Договорот за добрососедство со Бугарија, а таквата атмосфера влијаела на состанокот на мешовитата комисија.

    – Јасно можев да ја видам загриженоста на дел од колегите, бидејќи некои од нив рекоа дека се подложени на закани и притисоци кога нешто менуваат во својата позиција – нагласи професорот Димитров, пренесува БГНЕС.

    Тој вели дека ова јасно сугерира што се случува во Македонија.

    – Студијата на Конрад Аденауер дава податоци за ставовите на луѓето. Според нив, најголем непријател на нивната земја е Бугарија – на вакво мислење биле 44 отсто. Нивниот најголем пријател е Србија – така мислат 37,4%. Над 65 отсто се поддржувачи на идејата за отворен Балкан, идеја што ја лансираше Србија за рудник или повторно Југославија. Највисоко оценет претседател е Борис Трајковски, кој трагично загина под сомнителни околности во сообраќајна несреќа. Парадоксот е што Трајковски бил добар пријател на Бугарија – вели професорот.

    Како што вели Димитров, луѓето во Македонија, кои тврдат дека имаат длабоки историски корени, размислуваат дури по 1944 година.

    – Немаат сознанија за тоа што се случувало ни во првата половина на минатиот век, кога населението таму беше прогласено за српско, и кога имаше терористички режим, кога имаше големо насилство и постојани репресии, тоа изгледа воопшто не ги интересира, ги знаат само пропагандите и манипулациите по 1944 година, за жал оваа пропаганда е антибугарска – истакна Димитров.

    Според професорот, веќе трета година делото за Гоце Делчев е постојано актуелно, но како што вели, никако да дојдат до него.

    – Гоце Делчев е постојано во нашата програма веќе трета година и не стигнуваме до него, всушност не се разговара за тоа – рече Димитров.

    Тој вели дека забелешките за бугарските учебници од македонска страна биле општи, не допирале важни работи во толкувањето и биле пуста желба.

    Но, Димитров вели дека македонската страна треба да направи „сериозни измени во нивните учебници“.

    – Ова треба да се направи веднаш. Учебниците може да се дополнат и без да се печатат нови – коментира проф. Димитров.

    Тој нагласи дека сета оваа политичка тензија во Скопје е на тема бугаризација.

    Димитров вели дека тоа е апсурдно и потсети дека и претседателот Стево Пендаровски „ова го дефинираше како ќор-фишек“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img