More

    Димитар Ковачевски-земјава е во консулатација со НАТО и изрази сочувство до полскиот народ

    spot_img

    Земјава изрази изрази загриженост поради веста дека вчера ракета паднала во село во Полска на само 6 километри од границата со Украина при што загинале две лица. Премиерот Димитар Ковачевски синоќа изрази сочувство за жртвите.

    „Сочувство до премиерот Моравјецки за загубите на животи во експлозијата близу до украинската граница. Ова е време да бидеме уште поодлучни во нашата основна задача – да ја зачуваме територијата на НАТО безбедна и сигурна. Работиме со сојузниците на собирањето на сите факти за овој трагичен настан”, напиша Ковачевски на Твитер.

    И министерот Бујар Османи објави дека земјава е во консулатација со НАТО и изрази сочувство до полскиот народ

    „Во консултации сме со сојузниците на НАТО и внимателно ја следиме ситуацијата”, напиша Османи на Твитер.

    Портпаролот на полската влада, Пјотр Милер, синоќа по итно свиканиот Совет за национална безбедност потврди дека во Пржеводов, на пет километри од границата со Украина, во експлозија загинале двајца Полјаци, но не ја потврди неофицијалната вест на агенциите дека Полска била погодена од руски ракети.

    НАТО за денеска свика итен состанок на кој ќе се разговара за актуелната состојба.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img