More

    Диаприо ја раскинал четиригодишната врска со манекенката и актерка Камила Мороне, светските медиуми веќе наголемо пишуваат дека холивудскиот срцекршач веќе има нова девојка

    spot_img

    Откако се дозна дека холивудскиот актер Леонардо Диаприо ја раскинал четиригодишната врска со манекенката и актерка Камила Мороне (25), светските медиуми веќе наголемо пишуваат дека холивудскиот срцекршач веќе има нова девојка.

    Дикаприо е снимен во друштво на 22-годишната Марија Берегова на забава во Сент Тропе. Фотографиите ги објави „Дејли мејл“, кој наведува дека се работи за Украинка која неодамна се развела од Ахмед Масуд Абделхафид, кој раководи со голема модна империја во Монако и е внук на министерот за внатрешни работи и поддржувач на Гадафи.

    Марија објавила неколку фотографии од Сент Тропе и покажала луксузна соба во вилата каде ноќевање чини 1.220 долари.

    Марија има украинско потекло, пораснала во Швајцарија, а сега живее во Лондон, каде се подготвува да го преземе раководството на фармацевтската компанија на нејзиното семејство.

     

    Пред неколку дена американските медиуми објавија дека Леонардо и Камила раскинале, но причината за раскинувањето не е позната. Тие раскинале само два месеци откако таа наполни 25 години, а медиумите веќе подолго време пишуваат дека актерот има тенденција да излегува со девојки кои се помлади од 25 години.

     

    „Проклетството на девојките на Ди Каприо“ пред неколку години го забележал корисник на Редит и објавил графикон на кој се гледа дека оскаровецот никогаш не бил во врска со девојка постара од 25 години, а ова сега ѝ се случило на Камила, со која беше во врска четири години.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img