More

    Џони Деп потпиша мултимилионски договор, највреден досега

    spot_img

    Холивудскиот актер Џони Деп потпиша договор со француската модна куќа „Диор“ вреден рекордни 20 милиони долари за рекламирање на парфем за мажи. Деп, ѕвездата на филмовите „Пиратите од Карибите“, наводно го потпишал највредниот договор за поддршка на машки парфем досега.

     

    Извор од американскиот магазин „Вариети“ потврди дека „Диор“ потпишал тригодишен договор со Деп, кој се проценува на 20 милиони долари. Познатиот актер е заштитно лице на парфемот „Dior’s Sauvage“ откако се појави на пазарот во 2015 година.

    Шефот на матичната компанија на „Диор“, ЛВМХ, Бернард Арно, само го истакна имиџот на Џони Деп како една од главните причини зошто „Sauvage“ постигна значителен успех.

    Во текот на контроверзната правна битка против неговата поранешна сопруга Амбер Херд, „Дизни“ и „Ворнер Брос“ ја прекинаа долгогодишната соработка со Џони Деп. Сепак, ЛВМХ продолжи да соработува со него, а рекламите за популарниот машки парфем продолжија да се појавуваат и во текот на судската постапка, кои јавноста ги следеше со голем интерес.

    Парфемите кои ги рекламира Џони Деп ги зголемија акциите на „Диор“.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img