More

    Џина Лолобриџида не беше успешна на изборите во Италија

    spot_img

    Италијанската филмска дива Џина Лолобриџида не успеа да влезе во парламентот на неделните парламентарни избори во Италија. Според речиси сите преброени гласови, таа како екстремно левичарски кандидат за сенатор доби само нешто повеќе од еден процент од гласовите.

    Џина Лолобриџида, која има 95 години, по втор пат неуспешно конкурираше за место во италијанскиот парламент. Првиот пат беше во 1999 година.

    Оваа година, таа се кандидираше на билетот на една помала левичарска партија во изборната област Латина јужно од главниот град Рим во регионот Лацио во централна Италија.

    Кандидатурата ја најави велејќи дека и е доста да ги слуша постојаните препукувања на политичарите кои никогаш не стигнуваат до поентата.

    Лолобриџида се смета за една од најголемите диви на италијанската кинематографија. Заедно со други италијански актерки како Софија Лорен, Клаудија Кардинале и Моника Вити, таа постигна светска слава по Втората светска војна и беше меѓу најголемите филмски ѕвезди. Врвот на својата филмска кариера го достигнала во 50-тите години на минатиот век, кога, меѓу другото, блеснала и во филмот „Гнабот на Нотр Дам“. Подоцна се етаблирала како фотограф и скулптор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img