More

    Џенифер Анистон ја краси насловната страница на декемвриското издание на магазинот „Алур“ и за првпат проговори за своето искуство со ин витро оплодување

    spot_img

    Познатата актерка Џенифер Анистон (53) ја краси насловната страница на декемвриското издание на магазинот „Алур“ и за првпат проговори за своето искуство со ин витро оплодување.

    – Се обидував да забременам. Тоа беше предизвик за мене, патот кон тоа да добијам бебе. Сите години и години на погодување… Беше навистина тешко – рекла Џенифер Анистон и додала:

    – Поминував низ ин витро, пиев кинески чаеви, како што велите. Го правав сето тоа. Сѐ би дала некој да ми кажеше: „Замрзни јајце-клетки. Направи си услуга.“ Но, не мислите на тоа – рекла актерката.

     

    Таа ги коментираше и гласините дека го жртвувала мајчинството за кариерата, како и дека се развела од Бред Пит бидејќи не можеле да имаат деца. Да потсетиме, поранешната двојка беше во брак од 2000 до 2005 година.

    – Тоа беа апсолутни лаги. Тие приказни дека сум била себична… И дека се грижам само за мојата кариера. И не дај Боже жената да биде успешна и да нема дете. И таа причина зошто мојот сопруг ме остави, причината зошто раскинавме и го прекинавме бракот затоа што не сум можела да му родам дете“.

    Денес, на 53-годишна возраст, таа вели дека „не жали“ за тоа како сѐ испаднало кога станува збор за мајчинството.

    „Еве ме денес. Бродот отплови. Сега всушност се чувствувам малку олеснето бидејќи нема повеќе прашања: „Можам ли?“ Не треба повеќе да размислувам за тоа“, истакнала таа.

     

    „Повеќе не обрнувам внимание на она што го кажуваат другите луѓе. Посреќна сум од кога било досега“, вели Џенифер.

    „Би рекла дека во доцните 30-ти, 40-ти, поминав низ некои навистина тешки глупости, и да не беше тоа, никогаш немаше да станам она што требаше да бидам. Затоа сум многу благодарна за сите тие глупости. Во спротивно, ќе останев личност која беше толку исплашена, толку нервозна, толку несигурна во себе. А сега, кому му е гајле! Најдобро се чувствувам за тоа што сум денес, подобро од кога и да е во моите 20-ти или 30-ти, или во средината на 40-тите“, порачала Џенифер.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img