More

    Џастин Бибер ги растажи фановите, мораше да ја откаже турнејата

    spot_img

    Популарниот канадски пејач објави дека мора да ја прекине европската турнеја поради здравствени проблеми.

    Во пораката објавена на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм, Џастин Бибер напиша: „На почетокот на оваа година јавно открив дека се борам со синдромот Рамзи-Хант, бидејќи лицето ми е делумно парализирано. Не можев да ја завршам северноамериканската етапа на Јустис турнејата поради оваа болест“. Тој решил да го стави своето здравје на прво место.

    Пејачот исто така додаде дека по одмор и консултација со лекарите и неговиот тим, се вратил на турнеја низ Европа во јули, за време на која изведе шест настапи.
    Сепак, по неодамнешниот настап во Бразил, тој почувствува дека повеќе не може да ја продолжи турнејата според планираното. Тој вели дека тоа навистина го повредило. По настапот во Рио на кој даде се од себе, го обзеде исцрпеност откако ја напушти сцената. Тој одлучи да го стави своето здравје на прво место, па ќе паузира од турнеите. Тој исто така им се заблагодари на фановите за поддршката и им порача дека ги сака.

    Неговата турнеја веќе беше одложена еднаш оваа година, бидејќи неговиот тим имаше проблеми поради тоа што некои членови беа позитивни на Ковид-19. До март 2023 година има најавено дури 70 концерти во Јужна Америка, Азија, Австралија, Нов Зеланд и Европа. Пејачот не објави кога би можел да се врати на сцената.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img