More

    Девет од десет невработени се функционално неписмени

    spot_img

    Над 90 отсто од невработените во земјава се функционално неписмени или нефункционално писмени, а 63 отсто од нив се без основно или со незавршено основно образование. Ова е фактичката состојба, ова е кадарот кој жедниот пазар за труд не може да го впие, зашто е несоодветен. За ова мора да зборуваме, ова е децениски проблем и исклучително важно. Концептот на доживотно учење, на доквалификација и преквалификација е реалност која секој мора да ја прифати. Тоа е можеби тешко, имајќи го предвид системот од кој излеговме, но поминаа три децении и редно е да го фатиме чекорот. Треба да се свртиме кон вработливоста, да го мериме кадарот со квалификации потребни за современиот пазар на труд кој веќе не подразбира тешка индустрија, туку роботика, мегатроника и вештачка интелигенција.

    Ова го истакна вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во обраќањето на денешната Национална конференција „Подобрување на системот за СОО во 5 региони – потенцијал и проценка на капацитетите на средните стручни училишта во регионите”.

    Битиќи напомена дека средните стручни училишта се можеби столбот за развој на образованието.

    – Млади, пазар на труд и миграција – сите се поврзани и меѓусебно зависни и ако не ги гледаме холистички и ако не успееме да ја адресираме нивната комплексност, ќе имаме и следни 30 години во кои ќе се прашуваме што правиме погрешно. Фактите се непријатни и не звучат политички позитивно. Веројатно се очекува од некој што е на позиција како мојата да ги каже на јавен настан само добрите вести. Но, сѐ додека не зборуваме со факти, со вистината или реалноста на ситуацијата, нема да го постигнеме прогресот што ни треба – нагласи Битиќи.

    Заменик-министерот за образование и наука Љуљзим Алиу нагласи дека во стручното образование започна суштинска реформа, со цел да се оформат млади луѓе кои се подготвени да ги пресретнат барањата на пазарот на трудот. Во минатата учебна година во сите средни стручни училишта имало 97 дуални паралелки со повеќе од 1.400 ученици. Оваа година имаме повеќе од 200 дуални паралелки и 2.700 ученици. Лани биле вклучени 250 компании во овој процес, а годинава повеќе од 400 компании.

    – Дел од промените што се преземаат со воспоставување на регионалните центри за стручно образование на национално ниво се насочени кон иновациска култура на регионално и национално ниво. Во фокусот е да инвестираме во развивање на заедници што учат со здружување на учениците, студентите, наставниците, професорите, родителите и бизнис заедницата. Преку кампањата „Учи паметно, работи стручно”, што во континуитет се спроведува во изминативе две години, се идентификувани локалните потреби за одредени стручни профили кои веќе се дел од уписната политика за средните стручни училишта. Токму во соработка со деловната заедница и Стопанската комора, се потврди вредноста на концептот на дуално образование. Тоа е ефикасен и ефективен пристап за учење директно на работното место во компанијата што овозможува стекнување практично применливи знаења и вештини и создавање на добро подготвена работна сила за настап на пазарот на трудот веднаш по завршување на образованието – нагласи Алиу.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img