More

    Дејвид Бекам го препуштил управувањето на својот инстаграм-профил на педијатарка од Украина која работи како анестезиолог во градот Харков,

    spot_img

    Фудбалската легенда Дејвид Бекам го препуштил управувањето на својот инстаграм-профил на педијатарка од Украина која работи како анестезиолог во градот Харков, со цел да ги опише своите искуства од помагањето на луѓето во разурнаиот град од војната.

    Поранешниот фудбалер, кој има 71,4 милиони следбеници на таа социјална мрежа, изјави дека сака да ја истакне „неверојатната работа“ на медицинскиот персонал кој работи среде руската инвазија. Доктор Ирина, која раководи со регионалниот перинатален центар во текот на неделата објавила исечоци и фотографии на инстаграм-профилот на Бекам, покажувајќи како војната влијаела на работата на нејзиниот тим.

    „Денес ќе ви покажам како работиме за време на војната и кои станавме во текот на овие воени денови“, рекла таа. Ирина сподели видеа на кои се гледа подрумот каде што бремените жени и новопечените мајки биле евакуирани во првите денови од инвазијата, единицата за интензивна нега каде што се лекуваат бебињата и генераторите на кислород донирани од УНИЦЕФ. Ирина рекла дека сега работи „24/7“ и дека: „Веројатно си ги ризикуваме животите, но воопшто не размислуваме за тоа. Ја сакам својата работа“. Таа објави и приказна за Јана и нејзиниот син Михајло, кој е роден на вториот ден од војната со проблеми со дишењето, а чија семејна куќа била уништена за време на борбите. Таа рече дека детето е „подобро сега“.

    Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, Бекам (46) е амбасадор на УНИЦЕФ од 2005 година. Тој ги повика своите придружници да донираат за добротворна организација која работи во Украина за да им обезбеди на семејствата пристап до чиста вода и храна, да обезбедат продолжување на услугите за заштита на децата и да ја следат ситуацијата со бегалците во соседните земји.

     

    „Благодарение на вашите донации, генераторите на кислород што ги добија им помагаат на новороденчињата да преживеат во ужасни услови“, рече Бекам.

    Харков, вториот по големина град во Украина, веќе три недели е цел на руските напади.

     

     

     

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img